15
Поранешниот фудбалер на Челси, Конор Галагер, повторно ќе настапува во Лондон, но овојпат во дресот на Тотнем. „Спарси“ постигнаа договор со Атлетико Мадрид за трансфер вреден 40 милиони евра и ја добија трката за потписот на англискиот репрезентативец.
Иако Галагер веќе беше блиску до преселба во Астон вила, Тотнем во финишот се вклучи со значително подобра понуда. Лондонскиот клуб понудил околу 10 милиони евра повеќе, што се покажа како клучен фактор за конечната одлука.
Фудбалерот кој потекнува од академијата на Челси, во минатото настапуваше за „сините“, а беше дел уште од: Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион и Кристал палас. Дресот на Атлетико го носеше од 2024 година.