42
Денеска македонскиот фудбал остана без Васил Рингов, една од нашите најголеми фудбалски легенди кој најдлабока трага остави во Вардар, клуб кој и најмногу го сакаше.
Доказ за љубовта на Рингов беше и едно негово ТВ гостување во периодот кога Вардар играше во Втора лига и минуваше низ тешки денови.
Тогаш додека зборуваше за својот поранешен клуб, Рингов се расплака, велејќи:
„Се плашам дека некој сака да го снема Вардар“, прокоментира Рингов во емисијата на „ТВ 24“.
Рингов почина на 70-годишна возраст по кратко боледување.