Поради неговата физичка сличност со Меси, многу луѓе од градот Хамаден сакале да се сликаат со него. Реза Парастеш бил привремено приведен во полиција за да се олабави хаосот кој тој го создавал со својата појава.
Се започна пред неколку месеци кога таткото на Реза, го сликаше својот син со дресот на Меси. Откако ја увиде сличноста, 25-годишниот Иранец започна да ја шиша косата како Аргентинецот и да ја пушта брадата идентично како него.
„Сега луѓето навистина ме гледаат како иранскиот Меси и сакаат да имитирам се што прави тој. Кога ќе се појавам некаде луѓето се навистина шокирани“ – вели Раза Парастеш.
„Навистина сум среќен кога гледам како ги правам среќни, таа среќа ми дава многу енергија“.
Тој е премногу зафатен со давање на интервјуа по иранските медиуми, веќе започнал и да работи на некои фудбалски трикови со цел да си ја игра улогата уште подобро.