Толку блиску, а толку далеку, Вардар пропушти голема шанса да испише историја (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Вардар забележа
болен пораз од 4-1 на гостувањето кај Копенхаген, во реванш мечот во третото
коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен славеше
минимално со 1-0.

Мечот почна лошо
за избраниците на Гоце Седлоски, домаќинот поведе уште во втората минута со
евроголот на Грегуш, по што данците се израмнија со Вардар во однос на првиот
меч во Скопје.

По лошиот старт,
следеа шанси на Барсегјан, Хамбарѕумјан и пред се
онаа на Николов во 16. минута, но ниту една не се
претвори во гол за израмнување.

Домаќините можеа
да го дуплираат водството во 17. минута, но ударот на Павловиќ за среќа заврши
само во стативата од голот на Вардар.

Наградата за
одличната игра во продолжението од мечот следеше во 19. минута кога Николов
предизвика молк на „Телиа Паркен“ арената, а се радуваа неколкуте фанови на
Вардар.


Само шест минути
траеше вардаровата радост, данците повторно во водство, овој пат со автоголот
на Ерменецот Барсегјан, кој по нафрлената топка од корнер ситуација
невнимателно реагираше и ја смести топката во мрежата од голот на македонскиот
првак, Гачевски беше немоќен во оваа ситуација од 26. минута.

Данците со
преднос т од 2-1 заминаа на паузата по првите 45 минути игра.

Во почетната фаза
од вториот дел очигледно беше дека дојде до промена во стратегијата на
Седлоски, Вардар играше нешто подефанзивно и ја чекаше својата шанса од контра
да го загрози голот на противникот.

За ова говори и
фактот што офанзивецот Којашевиќ, кој беше една од промените кои ги направи
Седлоски во однос на првиот меч во Скопје, уште на стартот од второто полувреме
беше заменет со дефанзивецот Брдаровски.

Мирна и трпелива
игра на „црвено-црните“ во почетните минути од второто полувреме, домаќините останаа со играч помалку во 70, минута откако исклучен беше
стрелецот на првиот гол Грегуш, тој доби втор жолт картон по невнимателниот
старт над Балотели, по што Вардар во продолжение имаше играч плус на теренот.

Иако останаа со
играч помалку, домаќините само пет минути подоцна дојдоа до предност од 3-1 со
погодокот на Сантандер, кој беше оставен сам непречен од никого со глава да
забие во мрежата од голот на Вардар.

Копенхаген
целосно ги реши дилемите на мечот со голот од пенал на Сотиру во 88. минута,
претходно Гачевски направи прекршок во казнениот простор по што главниот
арбитар на мечот немаше дилеми во одлуката.

Резултатот 4-1 во
корист на домаќините беше и конечниот исход на „Телиа Паркен“ арената, со тоа
Вардар е елиминиран од третата рунда квалификации од Лигата на шампионите, но
настапите во Европа ги продолжува во плејоф фазата од квалификациите за Лига
Европа.

Вардар: Гачевски, Грнчаров, Спировски (Џигаури 76’), Којашевиќ (Брдаровски 46′), Барсегјан,
Хамбарѕумјан
(
Блажевски 76’), Николов, Новак, Демири,
Фелипе и Балотели
(
4-2-3-1).

 

Фото-вест:
bt.dk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани