Младиот Французин кој беше на мета на повеќе европски гиганти за момент проговори околу причината зошто не ги засилил редовите на Јувентус ова лето, иако постоеше таква можност, сепак тој се реши за преселба во тимот на Баерн Минхен.
„Секогаш сонував
да бидам дел од голема екипа како Баерн, разговарав со Јувентус, но тие не
доставија официјална понуда до мојот клуб“ открива Толисо кој потпиша
петгодишен договор со „Баварците“.
Што се однесува пак
до трансферот на Французинот во Бундеслигата, тој стана најскапиот фудбалер на
Баерн и го урна претходниот рекорд на Хави Мартинез од Атлетик Мадрид.
За големите напори на Јувентус да го договори 22 годишниот фудбалер се шпекулираше подолг
период, но останува отворено прашањето зошто тимот од Торино не доставил
официјална понуда до Лион, ако се земе во предвид сето тоа што го направи за да го реализира тој трансфер.