„Тој не е Роналдо, ниту пак Меси, но е крал на слободните удари во Ла Лига“

by
2 минути читање

Фудбалскиот портал „Goal“ излезе со статистика околу процентите на прецизност од
слободните удари, по која нашиот репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш
Леванте, Енис Барди посебно се истакнува, не само во Шпанија, туку општо во
цела Европа.

Тој не е Роналдо, ниту
пак Меси, но е крал на слободните удари во Ла Лига
“ пишува „
BeSoccer надоврзувајќи се на истата статистика, но акцент стави на шпанското
првенство.

Се работи за Енис
Барди, младиот Македонец од редовите на Леванте кој продолжува да импресионира
во Ла Лига, посебно од слободните удари, правејќи да заборавиме на Меси и
Роналдо
“ додава истиот медиум.

Базирајќи се на
статистиките, Барди има прецизност од 33% во ударите од прекин, само 4% стојат
зад името на Меси, додека пак 0% има Роналдо. Нашиот фудбалер постигна три
погодоци од слободни удари во подготвителниот период, а тоа беше увертира за
нешто повеќе уште во почетната фаза од шпанското првенство каде засега на десет
натпревари постигна четири погодоци.

 

Извор: es.besoccer.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани