Тодоровски: Во Лозана ќе биде многу потешко

by riste
0 минути читање

Вардар ја доби првата битка со Лозана, сега во четврток е реваншот во Швајцарија каде што ќе се одлучува кој ќе помине во следното квалификациско коло.

Димитар Тодоровски беше клучен за постигнувањето на првиот гол, токму по неговиот шут голманот ја одби топката до Мато кој ја затресе мрежата на противникот.

„Лозана покажа дека е одлична екипа, но ние направивме добра анализа и заслужено победивме на првиот натпревар. Сепак, според мене сега може да очекуваме многу потежок реванш“, изјави Тодоровски.

Лозана и Вардар играат во четврток со почеток од 20:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×