183
Во летниот преоден рок Манчестер јунајтед го продаде Ромелу Лукаку, но не донесе негова замена.
Веројатно во Јунајтед тогаш мислеа дека некој од актуелните играчи во составот ќе може да биде централен напаѓач, но во пракса тоа не се покажа. Иако има многу офанзивни фудбалери, Манчестер јунајтед нема класичен шпиц.
Марио Манџукиќ не е во плановите на Маурицио Сари до тој степен што не е ни пријавен во составот кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Хрватот ќе си замине уште во јануари, а се верува дека неговата следна дестинација ќе биде Манчестер јунајтед.