Тоа што вчера му се случи на Арсенал – не му се случило на никој друг во Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Арсенал вчера одигра само реми 2-2 против Вулвс и тоа во натпревар во кој имаше предност од 2-0 и дозволи последниот тим на табелата да се врати во дуелот.

Арсенал со тоа му даде шанса на Манчестер сити во натпреварот од ова коло да слави победа и да се врати на само два бода заостанување.

Но, медиумите на Островот пронајдоа и податок кој вели дека првпат се случува екипата која е последна на табелата да се врати од негатива од два гола и да остане непоразена кога играла против лидерот на табелата.

Очигледно е дека избраниците на Артета ја немаат сигурноста со која играа од почетокот на сезоната, а дали тоа ќе го платат со уште една испуштена шанса за титула во Англија останува да видиме до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×