Новинарот Бен Џејкобс, но и други други големи новинарски имиња како Дејвид Орстејн, ги посочуваат причините поради кои Енцо Мареска и Челси се разделија.
Откако Американците го преземаа Челси од Роман Абрамович, клубот стана далеку од она што беше, како одвнатре така и гледано однадвор.
Најстрашното е што раководството на Челси му се мешало на Енцо Мареска во изборот на тимот. Нешто што изгледа застрашувачки кога е во прашање голем клуб.
Според Бен Џејкобс, Мареска постојано бил во судир со хиерархијата на Челси околу изборот на тимот и замените кои влегувале во игра. Италијанскиот стратег одбивал да ги прифати сугестиите, но не можел да го издржи притисокот.
Ставот на Челси околу ова е дека секоја сугестија доаѓала од медицинскиот тим, а не од раководството и дека била поврзана со здравствената состојба на фудбалерите, а не нешто друго.
Но, не било така. Врз Мареска имало притисок да ротира повеќе во составот со цел да ја зголеми пазарната вредност на неколку млади фудбалери со тоа што ќе им дава повеќе шанса да играат.
Челси со мешањето во работата на тренерот само покажува дека нема амбиции да гради шампионски тим, туку да развива бизнис модел за трговија со фудбалери и да делува како трговска компанија.