Владата на Саудиска Арабија одлучи богато да ги награди своите фудбалери по изборениот пласман на Светското првенство во 2026 година. Секој играч, како и целиот стручен штаб, ќе добие по 5 милиони саудиски ријали, односно околу 1,15 милион евра за успехот и билетот за Мундијалот кој следното лето ќе се одржи во Мексико, Канада и САД.
Одлуката ја соопшти министерот за спорт Абдулазиз бин Турки Ал-Фајсал, кој потврди дека наградите ќе бидат исплатени најдоцна 30 дена по завршувањето на квалификациите.
Саудиска Арабија пласманот го обезбеди во последното коло од азиските квалификации, одигрувајќи без голови против Ирак, со што трет пат по ред ќе биде дел од најголемиот светски фудбалски собир.