Познато е дека од најголемите германски клубови тешко се купува фудбалер ако тие не сакаат да го продадат. Повеќето се финансиски стабилни, па најдобрите фудбалери им заминува кога за нив ќе се плати откупната клаузула, доколку ја имаат во договорите.
Но, интересно е што и Лајпциг игра „цврсто“ и нема намера да ги продаде своите фудбалери ниту за троцифрена милионска сума.
Клубот кој до вчера не беше ниту ден од Бундеслигата, во својата деби сезона во елитата избори пласман во Лигата на шампионите и планира да го задржи ростерот.
Ливерпул нуди богатство за Наби Кеита, но од Лајпциг порачуваат дека тој нема да биде продаден ниту за 100 милиони евра.
„Не продаваме никого, дури и ако ни понудат трицифрена милионска сума, играчите го знаат тоа“ – вели директорот на Лајпциг, Ралф Рангник.
„Ова го имам кажано и претходно и ништо се нема променето“.
„По таква сезона, нормално е дека има интерес за нашите фудбалери, особено за играчи како Кеита и Форсберг. Но нема да ги продадеме“.