Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси не крие дека посакува неговиот добар пријател Нејмар да
се врати во редовите на Каталонците, но, Аргентинецот признава дека тоа би било
една исклучително тешка ситуација.
„Тоа би било една
доста тешка ситуација, комплицирана“ вели тој во интервјуто за Марка каде
проговори и токму на таа тема која е доста интересна за пошироката фудбалска
јавност.
„Ние сите
посакуваме тој да се врати, поради квалитетот со кој располага како фудбалер,
но, многу повеќе поради тоа што може да го донесе во соблекувалната“ додаде Меси.
„Ние сме
пријатели, поминавме голем период заедно, некој период беше добар, некој не,
но, тешко е да се замисли тоа дека ПСЖ би го продал“ заклучи Аргентинецот.