203
Maкедонскиот напаѓач, Давид Тошевски на подготовките по враќањето во Австрија игра во одлична форма и веќе втор натпревар во низа постигнува три гола.
Во подготовките за Австрија Клагефурт Тошевски против нисколигашот Хермагор трипати се запиша во листата на стрелци во победата од 10:1.
За Тошевски ова беше втор хет-трик во само пет дена и така најавува дека во новата сезона ќе игра во добра форма. Претходно три гола постигна и во натпреварот против Трајбах.