Продолжија возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига и викендов со натпреварите во регионите, Север, Југ, Исток, Запад и Југозапад.
Поранешниот прволигаш Еуромилк Горно Лисиче беше декласиран од Шкендија Арачиново со 7-0, а со тоа фаворитот дојде близу до обезбедување на првото место. До крајот на сезоната има уште осум кола, а предноста на тимот од Арачиново е 19 бода. Во борбата за второто место се вклучи Аеродром со победа над Фортуна (3-1).
- Резултати од 19. коло во Трета лига – Север:
Пчиња – Башкими (Љ) 3-0
Аеродром – Фортуна 3-1
Њу Старс – Беса Влазрими 2-1
БВК Коњаре – Ринија 3-5
Куманово – Кадино 2-3
Шкендија Арачиново – Еуромилк ГЛ 7-0
Академија Илинден – Ржаничино 1-1
Табела: Шкендија (55), Фортуна (36), Аеродром (34), Еуромилк (33), Куманово (26), Коњаре (25), Ржаничино (25), Беса Влазрими (24), Пчиња (23), Башкими (23), Кадино (21), Академија Илинден (20), Ринија (19), Њу Старс (15).
Првото место го обезбеди Слога Виница со победата кај Светлост во Зрновци со 0-2. Виничани имаат 15 бода предност пред Брегалница Делчево и ќе се насочат кон консолидирање на сили за кам-бек во второлигашкото друштво.
- Резултат од 14. коло во Трета лига – Исток:
Светлост (З) – Слога 1934 0-2
Ударник – Брегалница 1926 1-1
Дојранско Езеро – Тиверија 1-1
Карбинци – Малеш 2-2
Хоризонт Турново – Овче Поле 1-0
Табела: Слога 1934 (39), Брегалница 1926 (24), Овче Поле (23), Дојранско Езеро (21), Карбинци (19), Хоризонт Турново (19), Малеш (18) Светлост (15), Ударник (11), Тиверија (7).
Тетекс забележа нова победа на Западот и го искористи киксот на Влазрими кој загуби кај Вардар Брвеница (2-0), па сега предноста на табелата е седум бода. Џепчиште со поразот од „штофарите“ веројатно ги загуби шансите за врвот.
- Резултати од 18. коло во Трета лига – Запад:
Напредок – Речица 3-0 (службена)
Љуботен – Камењане 2-4
Вардар 2022 – Влазрими Ј. 1977 2-0
Дрита 94 – Зајас 4-1
Џепчиште 1996 – Тетекс 1953 0-3
Доброште – Влазрими (Сл) 1-2
Табела: Тетекс (44**), Влазрими 1977 (37**), Џепчиште (33*), Дрита (28**), Камењане (28*), Речица (21*) Доброште (20*), Влазрими Сл. (20*), Ренова (17***), Вардар 2022 (17**), Напредок (16**), Љуботен (15**), Зајас (13**)
Во Јужниот регион екипата на Големо Коњари испушти шанса да се одлепи на врвот на табелата и одигра реми (0-0) кај Младост 1930. Второпласираниот Превалец заедно со Венец беше слободен во оваа рунда.
- Резултати од 20. коло во Трета лига – Југ:
Башкими 2008 – Влазними Јуниор 2-0
Ултрас – Дреново 3-1
Бучин – Питу Гули 1-1
Младост 1930 – Големо Коњари 0-0
Росоман 83 – Слога 1976 4-2
Табела: Големо Коњари (42), Превалец (38), Башкими 2008 (35), Младост 1930 (33), Росоман 83 (29), Венец (28), Ултрас (28), Питу Гули (21), Бучин (19), Слога 1976 (13), Дреново (11), Влазними Јуниор (11).
Во дербито на водечките Сатеска и Преспа немаше победник и мечот заврши со 1-1. Ниту домашниот тим не успеа да се приближи до лидерот, а ниту Преспа не успеа да се одлепи на врвот на табелата во Југозападниот регион. Во ова коло слободен беше тимот на ЕТ Онлајн.
- Резултат од 15. коло во Трета лига – Југозапад:
Сатеска – Преспа 1-1
Кравари – Кораб 6-1
Славеј – Влазними 3-0
Велешта Јунајтед – Света Троица 1-0
Караорман – Демир Хисар 2-1
Табела: Преспа (35*), Сатеска (29*), Кораб (28), Кравари (25), Караорман (24*), ЕТ Онлајн (23*), Славеј (20), Влазними (16), Велешта Јунајтед (14), Света Троица (12), Демир Хисар (12).
Ознаки:
* – еден натпревар помалку
** – два натпревари помалку
*** – три натпревари помалку