Се спушти завесата во Третата македонска фудбалска лига, откако се одиграа последните натпревари од 13. коло во регионот Југ.
Есенски првак во овој регион е екипата на Превалец која поради подобра гол-разлика котира пред Борец на првенствената табела, иако двете екипи имаат по 31 бод. Освен Превалец на врвот кај третолигашите ќе презимат Еуромилк Горно Лисиче (север), Караорман (југозапад), Камењане (запад) и Победа Валандово (исток).
- Резултати од 13. коло во ТМФЛ – Југ:
Влазними Јуниор – Млекар 0-1
Тополка – Росоман 0-3
Борец – Бучин 4-0
Венец – Младост 1930 2-0
Башкими – Питу Гули 2-0
Дреново – Превалец 1-8
Табела: Превалец (31), Борец (31), Росоман (24), Ултрас (22), Венец (19), Питу Гули (17), Бучин (15), Младост (15), Млекар (13), Влазними Јуниор (13), Башкими (12), Тополка (8), Дреново (1)
*Слога 1976 се откажа од настап пред стартот на првенството