ТМФЛ: Поранешниот шампион најубедлив, броеше до девет (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Викендов се одиграа натпреварите од второто или третото коло на терените низ Македонија во рамките на Третата фудбалска лига.

Фаворитите одиграа според планот во северниот регион. Најубедлива победа запиша Ржаничино, Аеродром му даде шест гола на Башкими, а во тешка пресметка поранешниот прволигаш Еуромилк Горно Лисиче ја победи Фортуна (4-1).

Резултати од 2. коло во Трета лига – Север:

Аеродром – Башкими Љ. 6-0
БВК Коњаре – Кадино 3-1
Беса Скопје – Лопате 1-0
Ржаничино – Отља 7-0
Еуромилк ГЛ – Фортуна 4-1
Беса Слупчане – Студеничани 2-2
Куманово – Пчиња 3-1

Табела: Еуромилк ГЛ (6), Аеродром (6), Куманово (6), БВК Коњаре (4), Ржаничино (3), Пчиња (3), Кадино (3), Башкими Љ. (3), Беса Скопје (3), Фортуна (1), Студеничани (1), Беса Слупчане (1), Лопате (0), Отља (0)

На Југот беше ефикасно, максимални останаа Ултрас и Росоман, а најубедливата победа ја имаше Башкими против Младост (6-0).

Резултати од 2 коло во Трета лига – Југ:

Ултрас – Бучин 4-1
Борец – Влазними Јуниор 4-0
Млекар – Тополка 1-1
Венец – Росоман 2-3
Башкими – Младост 6-0
Превалец – Питу Гули 2-2

Табела: Ултрас (6), Росоман (6), Превалец (4), Питу Гули (4), Башкими (3), Борец (3), Влазними Јуниор (3), Бучин (3), Тополка (1), Млекар (1), Венец (0), Дреново (0), Младост (0)

*Слога 19776 се откажа од настап пред стартот на првенството

Хоризонт Турново броеше до девет во саботниот дуел со Малеш, а лидерската позиција ја одржа Овче Поле со трета победа во исто толку натпревари.

Резултат од 3. коло во Трета лига – Исток:

Овче Поле – Брегалница 1926 4-0
Рудар – Карбинци 1-1
Светлост Зрновци – Победа Валандово 1-3
Дојранско – Тиверија 0-2
Хоризонт Турново – Малеш 9-1

Табела: Овче Поле (9), Рудар (7), Хоризонт Турново (6), Победа Валандово (6), Карбинци (4), Брегалница (3), Дојранско Езеро (3), Ударник (3), Тиверија (3), Светлост З. (0), Малеш (0)

Камењане го доби дуелот со Доброште и по две кола се одлепи на лидерската позиција. Поранешниот прволигаш Ренова со 5-2 го совлада Влазрими, а до четвртите бодови стигнаа уште Речица и Напредок од Кичево.

Резултати од 2. коло во Трета лига – Запад:

Џепчиште – Дрита 4-1
Камењане – Доброште 2-1
Ренова – Влазрими 5-2
Вардар – Скендербег 3-0
Речица – Напредок 1-1
Зајас – Љуботен 2-2

Табела: Камењане (6), Ренова (4), Речица (4), Напредок (4), Доброште (3), Џепчиште (3), Вардар (3), Влазрими (3), Зајас (1), Скендербег (1), Љуботен (1), Дрита (0)

Единствен максимален по второто коло на Југозападот остана Влазними. Стружани славеа со 5-3 во најефикасниот меч против Велештај Јунатед.

Резултати од 2. коло во Трета лига – Југозапад:

Кравари – Демир Хисар 3-1
Влазними – Велешта Јунајтед 5-3
Могила – Света Троица 2-2
Напредок – Караорман 2-1
Славеј – Кораб 1-1

Табела: Влазними (6), Могила (4), Света Троица (4), Славеј (4), Караорман (3), Кравари (3), Напредок (3), Кораб (1), Демир Хисар (0), Велешта Јунајтед (0)

  • Головите од натпреварите во ТМФЛ:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×