Тлото во Перу се тресело како да има земјотрес по водечкиот гол

by
1 минути читање

Со триумфот над Нов
Зеланд, Перу ја комплетираше листата на учесници на Светското првенство во
Русија идната година, откако на првиот меч помеѓу овие две селекции немаше
голови.

Бележиме интересни
детали од Перу каде по водечкиот гол, дело на Фарфан, тлото на земјата се
тресело исто како да има земјотрес. Лудото славје на Перуанците предизвикало
дури и апликациите кои служат за мерење на тресење на тлото да се огласат со
аларм.

На ова морала да реагира
дури и сеизмолошката служба на Чиле, која се огласи на социјалните мрежи со
своја реакција.

Можеме да потврдиме
дека нема никакви активности на земјотрес во Лима. Се чини дека славјето на
Перуанците ја активираше апликацијата
“ напишаа тие.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани