Титулата полека му се насмевнува на Челси, „Сините“ го освоија Гудисон Парк (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Титулата од
Премиерлигата полека му се насмевнува на Челси, „Сините“ попладнево славеа на Гудисон Парк, натпревар кој важеше за најтежок во преостанатите средби до крајот на
сезоната.

Евертон одолеваше
повеќе од еден час, но потоа Педро во 66. минута го скрши отпорот на
„Карамелите“.

Обраната на
Евертон одново капитулираше во 79. минута, за Вилиан во 86. минута да стави
точка на натпреварот.


Манчестер Сити и
по втор пат оваа сезона не успеа да слави над Мидлсбро.

На Риверсајд,
„Граѓаните“ попладнево два пати се враќаа од негатива и дома се враќаат само со
бод.

Негредо во првиот
дел ги донесе домаќините во предност, а Агуеро во 69. минута од пенал изедначи
на 1-1.

Чемберс го врати
Мидлзбро во предност во 77. минута, но Жесус со гол на пет минути до крајот
погоди за 2-2.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани