Титулата му се насмевнува на Челси, Мидлзбро е нов второлигаш (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот натпревар од 36. коло во Премиерлигата, Челси пред своите
фанови со 3-0 славеше над Мидлсбро.

Со оваа победа, „Сините“ направија значаен чекор кон титулата, но и го
испратија противникот во втората лига.

Диего Коста го отвори резултатот во 23. минута, по едно одлично додањае на
Сеск Фабрегас.

Десет минути подоцна, Алонсо со помош на гостинскиот голман погоди од
речиси мртов агол за 2-0.

Точка на натпреварот стави Матиќ во 65. минута.

На Челси сега му е потребна уште една победа во последните три натпревар,
или пак Тотнем да загуби еден свој натпревар.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани