98
Нашиот 25 годишен
интернационалец од редовите на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс, Езгјан Алиоски
имаше интервју за клупската телевизија на тимот од „Еланд Роуд“.
Еден од одговорите на
популарниот „Џани“ предизвика дискусија помеѓу фановите на Лидс на социјалните
мрежи, дел не се сложија со неговиот одговор, дел сметаат дека нема ништо лошо
во тоа, дел пак велат дека ретко кој го разбрал значењето на прашањето.
„Мислам дека Купот…
Бидејќи, секогаш кога победуваш во нешто е убаво…“ рече Алиоски на прашањето
кога би бирал помеѓу титула во ФА Купот или да заврши во најдобрите четири на
табелата во Чемпионшиплигата, што би избрал.
Еве ја дискусијата која се разви на социјалните мрежи…