Бразил, кој
пристигна во Русија како прв фаворит за златото, во недела ќе го има деби
настапот на Светското првенство, а противник ќе им биде Швајцарија. „Кариоките“
очигледно имаат намера веднаш да покажат кој е кој, и Тите планира со тешка
алтилерија да излезе уште на воведниот меч.
Но во
денешно време тешко може да се сокрие нешто, па замислите на селекторот за средбата
со Швајцарија беа обелодени на социјалните мрежи од страна на пријател на
Габриел Жесус.
Ова го пренесе новинарот Маркус Алвеш, кој на Твитер напиша: „Новинарите
присуствуваа на воведните 15 минути од тренингот на Бразил и потоа беа замолени
да заминат. Сепак, на лицата кои ги придружуваат играчите им беше дозволено да
останат. И сега следи најдобриот дел: еден од пријателите на Габриел Жесус на
Инстаграм стори го откри стартниот тим на Тите за дебито на СП. Браво мајсторе!“
Почетните 11 на
Бразил против Швајцарија треба да изгледаат вака: Алисон, Данило, Тиаго Силва,
Миранда, Марсело, Касемиро, Паулињо, Филипе Кутињо, Вилијан, Нејмар и Габриел
Жесус.