222
Диего Коста е голем напаѓач, но и еден од највалканите играчи во фудбалот. На мечот против Реал Мадрид кој Атлетико го доби со 7-3 тој ги покажа и двете лица.
Му даде четири гола на Реал Мадрид, но во 65. минута направи инцидент. Карвахал пред очите на Диего Коста груби го фаулираше Ламар, а напаѓачот нема долго трпение, неспортски го клоцна играчот на Реал и настана тепачка. Судијата и на двајцата им покажа црвен картон.