Тинејџерот Свилар го прочита: Мартиал промаши пенал за Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед можеше да дојде до рано водство против
Бенфика на домашен терен во групата „А“ каде засега има максимален учинок на победи.

Сепак, во 15. Минута Мартиал мошне лошо биеше од белата
точка па му овозможи на Миле Свилар да стигне до голема интервенција која ја
одржува неизвесноста на мечот во корист на Португалците кои се уште немаат бод
во својата конкуренција.

Инаку, Свилар е најмладиот голман кој некогаш имал
учество во елитното европско клупско натпреварување, на претходниот меч во
Португалија направи голем кикс кој му донесе победа на Манчестер јунајтед од
0-1, а тој подоцна се извинуваше до фановите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×