Тинејџерот на Баер го пропушта дуелот со Атлетико, треба да полага важен тест на училиште!

by
1 минути читање

„Фармацевтите“
вечерва гостуваат на Висенте Калдерон во раваншот против Атлетико Мадрид во
осминафинелто од Лигата на Шампионите.

Пред да отпатува
за Шпанија, Баер Леверкузен на социјалните мрежи соопшти кои играчи нема да
бидат во комбинација.

Најмногу внимание
предизвика отсуството на младиот Каи Хаверц поради интересната причина која беше дадена.

17 годишниот фудбалер мора да остане
дома бидејќи поважно од фудбал во Лигата на Шампионите е само училиштето!

Тинејџерот оваа
сезона има 20 настапи за Баер, и беше стартот на првиот натпревар со Атлетико,
но сега треба да полага важен тест, па училишните обврски добиваат приоритет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани