702
Младата англиска ѕвезда, Мајлс Луис-Скели вечерва против Албанија постави нов рекорд.
Скели во првото полувреме ја доведе Англија во водство, а со тој гол стана и најмладиот стрелец за „Гордиот Албион“ на своето деби.
Рекордот пред него го држеше Маркус Рашфорд кој против Австралија во 2016 година дебитираше со гол на 18 години и 209 дена. Скели во листата на стрелци во својот прв натпревар успеа да се запише на 18 години и 176 дена.
Исто така овој гол беше и прв од доаѓањето на Томас Тухел за местото селектор на Англија по заминувањето на Герет Саутгејт.