Тинејџерот кој блесна со спектакуларен гол од слободен удар потпиша за Реал Мадрид

by Стефан
0 минути читање

Тинејџерот Франко Мастантуоно денеска беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид.

Со „кралевите“, Аргентинецот потпиша договор на шест години, додека гигантот од Мадрид според информациите на медиумите платил сума од 65 милиони евра.

Во изминатата сезона со само 17 години, Масстантуоно одигра 64 натпревари за првиот тим на Ривер и во нив постигна десет гола. Посебно се истакна со спектакуларниот гол од слободен удар во дербито со Бока Јуниорс.

Добрите настапи му донесоа и повик во аргентинката репрезентација за која дебитираше против Чиле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×