Ливерпул повторно
имаше бледо издание, па загуби на гостувањето кај Челси со 2-0 во ФА Купот, а
за тој пораз Јирген Клоп посочи дека пораз со резултат 2-0 е веќе премногу,
алудирајќи на тоа дека чашата е прелиена со тоа што неговите избраници запишаа
трет пораз во последните четири меча во сите конкуренции.
Вилијан и Баркли
беа стрелци на обата погодоци за Челси во синоќешната победа, но, на Островот
на големо се зборува за 18 годишниот фудбалер од средниот ред Били Гилмур, кој
на одличен начин ја искористи укажаната доверба од својот тренер Френк Лампард,
па беше нерешлива енигма за гостите цели 90 минути.
Од составот на
Ливерпул псобено во дуелите со Гилмур „настрада“ многу поискусниот од него
Фабињо, па на социјалните мрежи можат да се забележат и коментари од типот дека
тинејџерот со овој потег го вратил Бразилецот во Монако…