Тимовите од Серија А на 4 мај почнуваат со тренинзи, има три можни датуми за продолжение на сезоната

by
1 минути читање

Весникот пишува дека Серија А планира да го прекопира планот на Бундеслигата и да продолжи со тренинзи кои ќе бидат на социјална дистанца.

Фудбалерите на тренинг официјално би се вратиле на 4 мај, а има три можни датуми за продолжување на сезоната.

Најоптимистичкиот датум е 24 мај, следните два се 31 мај и 7 јуни. Сезоната откако ќе почне би завршила за шест и пол недели. Остануваат уште 13 кола, би се играле две кола неделно.

Тоа значи дека сезоната можеби ќе се игра до средината на јули. ФИФА даде дозвола договорите на играчите кои им истекуваат на 30 јуни да може да бидат продолжени до крајот на сезоната без разлика кога таа ќе заврши.

Проблем може да претставуваат играчите кои не се во Италија, како што е Кристијано Роналдо.

Сите кои се надвор од Италија, кога ќе се вратат треба да останат во карантин 14 дена пред да може да почнат да тренираат.

„Газета дело Спорт“ пишува и дека триото на Јуве, Дибала, Матуиди и Ругани се уште се во карантин поради тоа што беа позитивни на коронавирус.

Фиорентина, Сампдорија и Верона исто така имаат играчи со коронавирус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×