„Тимот што победува не се менува“ – Мбапе останува верен на Најк

by
1 минути читање

18 годишниот
Французин ова лето е желба на голем број клубови, ПСЖ, Реал Мадрид и Арсенал се
подготвени да платат околу 135 милиони евра.

Напаѓачот постојано е под „лупа“, па дури и најмал потег на социјалните
мрежи предизвикува лавина шпекулации.

Минатата недела,
Килијан Мбапе направи измени на својот Твитер профил и избраша дека е заштитно
лице на Најк и фудбалер на Монако.

Многумина ова го
протолкуваа како знак дека играчот не само што ќе ја промени средината туку и
ќе започне соработка со Адидас.

Па Реал Мадрид
веднаш беше посочен како следна дестинација на Килијан Мбапе бидејќи спонзор на „Кралевите“ е германскиот производител на спортска опрема.

И додека неговата
фудбалска иднина се уште е под знак прашалник, фудбалерот барем стави крај на
дилемите околу тоа кој бренд ќе го застапува.

Килијан Мбапе
реши да ја продолжи соработката со Најк, и на Твитер напиша: „Тимот што победува
не се менува
.

Продолжувањето на
соработката со Најк е лоша вест за Реал Мадрид, и се верува дека ПСЖ сега е прв
фаворит, но големи се шансите Килијан Мбапе да остане верен и на Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани