Тимот на Ристовски со добредојде за Барселона… со плакати од нивниот „предавник“ и најлутиот ривал (ФОТО)

by
1 минути читање

Тимот на нашиот Стефан Ристовски, португалски Спортинг
Лисабон вечерва (20,45) на домашен терен ја пречекува Барселона во второто коло
од групата „Д“ во Лигата на шампионите.

И двете екипи стартуваа со победа во воведното коло,
Спортинг славеше со 2-3 кај Олимпијакос, додека пак Барселона со 3-0 го надигра
Јувентус на домашен терен.

Интересни фотографии ни пристигнуваат од внатрешниот дел
на арената „Хозе Алваладе“ во Лисабон, а експедицијата на Барселона мора да
мине низ тој дел.

Гостинскиот тим ќе биде пречекан со постери од Луиш Фиго
и Кристиано Роналдо, фудбалери кои своите кариери ги започнаа токму во Спортинг
Лисабон, а ниту едниот, ниту пак другиот не се баш по ќејфот на Барселона,
посебно не Фиго кој е означен за „предавник“ од каталонскиот гигант, по
неговиот трансфер во 2000. година од Барселона во најлутиот ривал, Реал Мадрид.

Последен пат Спортинг Лисабон и Барселона на „Хозе
Алваладе“ се сретнаа во 2008. година, Каталонците славеа со високи и убедливи
5-2, со погодоците на Анри, Пике, Меси и Кркиќ, воедно автогол на тој меч
постигна Канеира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани