Тимот на македонскиот фудбалер, Илија Несторовски, Славен Белупо, денеска излезе со официјално соопштение во кое остро реагираше со соопштение во кое го изразуваат своето незадоволство од арбитражата на нивните натпреваари. Посебно изненадува тоа што тимот не добил ниту еден пенал цели 557 дена.
Последниот пат кога Белупо изведе удар од белата точка беше на 4 мај 2024 година, во дуелот со Горица, кога Бенедик Миоч погоди за победа од 4-1. Од тогаш поминале 52 кола, повеќе од една цела сезона и половина од следната, без ниту еден досуден пенал во корист на клубот.
Од Славен Белупо во соопштението нагласуваат дека во тој период имало бројни ситуации кои, според нив, заслужувале најстрога казна, но судиите не реагирале, иако Судиската комисија на ХНС во неколку наврати потврдила дека клубот бил оштетен.
Последен повод за револтот е натпреварот од изминатиот викенд на „Максимир“ против Локомотива, кога во 73. минута фудбалерот Игор Лепињица беше соборен во шеснаесетникот. Главниот судија Матео Ерцег не покажа на белата точка, а ниту ВАР-собата, предводена од Иван Бебек, не реагираше и покрај прегледот на снимките од неколку агли.