Вчера заврши летниот преоден рок во кој најмногу потроши Ливерпул кој ги има трите најскапи трансфери ова лето (ТУКА), а сега беше составен и тим од најскапите фудбалери ова лето.
Тимот веди огромни 879.000 евра и тука се смета само платената отштета, бонусите не се вклучени.
Нападот е составен од новиот тандем на Ливерпул, Исак (144 милиони евра) и Екитике (95) милиони евра, потоа зад нив следи Волтмад кој од Штутгарт се пресели во Њукасл (85 милиони евра). Средниот ред е составен од Луис Дијаз (70 милиони евра), Вирц (125 милиони евра), Зубиаменди (70 милиони евра), Мбуемо (75 милиони евра).
Во одбраната има двајца фудбалери кои потпишаа за Реал Мадрид, Карерас (50 милиони евра) и Хујсен (62.5 милиони евра). Друштво им прави Илија Забрњи кој Бормут го замени со ПСЖ, а на голот е неговиот соиграч Шевалие (40 милиони евра) кој пристигна на местото на Донарума.
Може да се забележи дека само триото во одбраната и голманот не се фудбалери кои потпишаа за англиски тим.
