Во рамките на 27. коло во ПМФЛ, денеска се одиграа два натпревари на кои победи запишаа екипите на Шкендија и Тиквеш.
Тиквеш славеше на гостувањето во Струга со 2-1 по пресврт. Домашниот тим поведе по 20 минути игра, кога по ударот на Радески, топката по интервенцијата на голманот Тасев заврши во неговата мрежа. Сепак, гостите брзо возвратија и само пет минути подоцна Рамадани го израмни резултатот на 1-1, со што и се замина на паузата.
Клучниот момент се случи во 56. минута, кога Сила го постигна победничкиот погодок за Тиквеш.
Натпреварот го одбележа и непријатна сцена, откако Папе Фал, само неколку минути по влегувањето во игра на местото на Воша, доживеа тежок пад (ТУКА).
Во вториот натпревар во Тетово немаше изненадувања – Шкендија доминираше и со убедливи 6-0 го совлада Шкупи, потврдувајќи ја фаворитската улога.