Тиквеш промовира ново име за крилните позиции, а тоа е Сандеј Алими. 25-годишниот фудбалер има во најмала рака интересна кариера зад себе.
Иако на почетоците тргнал да го исполнува својот сон и млад пристигнал во Галатасарај, следува пад. Алими се сели во Авес од Португахлија и Ескисехирспор од Турција со кој дебитира како сениор. Потоа, барем според информациите на „Трансфермаркт“, Нигериецот од 2021 година досега без клуб бил дури 1.186 дена или повеќе од три години. Едноставно, ако одеше од дестинација до десетинација пешки, веројатно побргу ќе стигнеше…
Во тој период Сандеј Алими имаше шестмесечна авантура во грчка Кавала, па пауза од година и половина и потоа се врати во родната земја и заигра за Шутинг Старс. Сепак и во пролетната полусезона тој беше без клуб, а сега пристигна во Тиквеш.