Тиквеш освои бод на Чаир за заверка на опстанокот, Вардар го победи Работнички

by riste
1 минути читање

Вардар со гол на Закариќ од пенал славеше со 1-0 против соседот Работнички во дербито на 32. коло, а Тиквеш одигра 1-1 кај Шкупи и освои бод кој значи дека го избегнаа местото кое носи бараж за опстанок.

Мечот меѓу Работнички и Вардар се играше на ФФМ, овојпат дербито меѓу двата соседа немаше никакво резултатско значење, па и не побуди голем интерес.

Еден гол го реши натпреварот, Закариќ во вториот дел погоди од пенал за победа на црвено-црните од 1-0.

Тиквеш освои бод злато вреден во Чаир против Шкупи. Миловановиќ во првиот дел даде гол за водство на кавадаречкиот тим, а Имери некоја минута подоцна израмни на 1-1.

Со овој освоен бод Тиквеш може да биде мирен во последното коло бидејќи ја оствари целта, го избегна баражот за опстанок.

1-1 заврши и натпреварот меѓу Струга и Брера. Струмичкиот тим има бод повеќе од Беса и е во подобра позиција за избегнување на позицијата која води во бараж.

Мечот меѓу Силекс и Пелистер заврши без голови.

Резултати 32. коло:

Работнички – Вардар 0-1
Шкупи – Тиквеш 1-1
Силекс – Пелистер 0-0
Струга – Брера 1-1
Беса – Воска (3-0 службено)
Гостивар – Шкендија (0-3 службено)

Табела: Шкендија 70, Силекс 64, Работнички 56, Струга 50, Вардар 42, Пелистер 39, Шкупи 35, Тиквеш 33, Брера 31, Беса 30, Гостивар 21, Воска -5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×