Фудбалерите на Тиквеш и Работнички за првпат во меѓусебните дуели во Првата лига ремизираа во Кавадарци, но исто така и го одиграа првиот натпревар без голови во оваа сезона.
Во еден натпревар во кој имаше прилики за гол, поблиску до победата беа гостите од Дебар Маало кои ги имаа двете најголеми шанси на натпреварот.
Дашмир Елези имаше еден атрактивен обид со ножички во првиот дел, но неговиот удар заврши над голот.
Свои шанси имаа и домаќините, меѓутоа Работнички ја имаше и најголемата и тоа на десетина минуто пред крајот кога голманот Христијан Стевковски одбрани зицер на Бошнаков.
Oвој дуел беше и единствениот денеска во ПМФЛ, а првото коло утре го затвораат екипите на Силекс и Брера исто така од 17:30 часот.