306
Фудбалскиот клуб Тиквеш по серијата домашни новајлии, се засили со странско име Филип Михаљевиќ.
32-годишникот хрватски напаѓач доаѓа од редовите на ГОСК Габела од Босна и Херцеговина каде што настапуваше во претходните две сезони. Оваа сезона на 15 натпревари постигна два погодоци.
Михаљевиќ инаку е дете на Динамо Загреб, меѓутоа никогаш не заигра за првиот тим и играше само за Б-тимот.
Во кариерата беше дел од Сесвете, Локомотива Загреб, Сесвете, Широки, Локомотив Пловдив, Видзев Лоѓ, Фин Харпс, Серењо, Кустошија.