Денес по 25. пат во исто толку години се одржа Меморијалниот турнир Вуко Каров и Тиквешките легенди .
Оваа година покрај домаќинот Тиквеш, учество зедоа и екипите на ГФК Вадар Неготино и ФК Тетекс од Тетово. Турнирот се одигра по Италијански систем секој со секого по 45 минути.
Постигнати резултати на турнирот:
ГФК Тиквеш – ГФК Вадар Н 5:0
ГФК Тиквеш – ФК Тетекс 3:0
ГФК Вардар Н – ФК Тетекс 2:1
Победник и освојувач на турнирот е екипата на Тиквеш од Кавадарци, додека второто место го освои екипата на Вардар Неготино и како третопласирана е екипата на Тетекс.
За најдобар голман на турнирот е прогласен Стефан Тасев од домашната екипа. За најдобар играч на турнирот е прогласен Данаил Тасев исто така од ГФК Тиквеш.