Тиквеш: Фудбалерите на Гостивар не ни биле во хотел во Кавадарци, туку во Неготино!

by riste
2 минути читање

Додека Македонија е во шок по огромната трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, фудбалските клубови на Гостивар и Тиквеш водат своја битка со соопштенија.

Гостивар вчера излезе со соопштение во кое се пожали на труење во хотел во Кавадарци каде биле во карантин. Тие се сомневаат дека тоа било намерно и ги испратија медицинските наоди во ФФМ и судските власти со цел да се почне истрага.

Но, денеска стигна демант од Тиквеш. Квадаречкиот клуб вели дека фудбалерите на Гостивар воопшто и не биле во хотел во Кавадарци, туку во соседниот град, Неготино.

Тие ќе поднесат соодветна пријава против Гостивар за саботажа, клевета и манипулација на јавноста.

„Градскиот фудбалски клуб ТИКВЕШ ја информира спортската јавност во врска со новото соопштение на ФК Гостивар, дека сите нивни информации се невистинити !
Од нивното соопштение разбравме дека фудбалерите и стручниот штаб биле сместени во карантин, но за вистина на јавноста престојувале во хотел во Неготино.
Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави проблем со фудбалерите, истите беа уредно пречекани и се беше во најдобар се до почетокот на натпреварот.
Исто така имаме информација дека поголем дел од фудбалерите верници на муслиманската вероисповед, се придржуваат кон Рамазанскиот пост.
Управата на ГФК Тиквеш ќе поднесе соодветна пријава и тужба против ФК Гостивар, за изјавените обвиненија, саботажа и клевета кон нашиот клуб, како и за манипулирање на јавноста со вистината !!!
ГФК Тиквеш 1930 АД – Кавадарци“,
се вели во соопштението на кавадаречкиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани