Тиквеш слета на Исланд, кавадарчани имаат јасна мисија пред себе!

by riste
1 минути читање

Експедицијата на Тиквеш пристигна во Исланд каде што утре го игра реванш мечот од првото квалификациско коло во Конференциската лига против Бреидаблик, првиот меч македонскиот тим го доби со 3-2.

Победата и играта од првиот натпревар влеваат оптимизам дека Тиквеш може да го помине Бреидбалик. Таква е и мисијата на кавадарчани која утре треба да биде исполнета.

Момците на Ѓорѓи Мојсов денеска ќе го одработат редовниот тренинг на стадионот на кој ќе се игра натпреварот.

Мечот се игра утре (четврток) во вечерен термин од 21:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани