136
Тиквеш немаше
сили за изненадување на реванш пресметката со Ренова, откако Кавадарчани
најпрво на домашен терен загубија со 0-2, а денеска на терен на противникот
ремизираа со резултат 1-1.
Токму Тиквеш беше
екипата која прва поведе на мечот во Тетово, и тоа со голот на Илиески во 22.
минута, а со таа минимална предност Кавадарчани заминаа на паузата.
Сепак, во 85.
минута Адеми израмни на 1-1 и ја сруши сета надеж кај гостите за изненадување
во реваншот.
Досегашни екипи
кои веќе од претходно обезбедија место во четфртфиналето се Брегалница,
Лабуништа, Академија Пандев, Работнички, Шкендија, Шкупи и Струга Трим и Лум.
Фото-вест: K.F. Renova (Facebook)