Тика-таката на
Пеп Гвардиола и Манчестер Сити не фукнционираат најдобро на почетокот од
сезоната.
„Граѓаните“ имаат
еден куп фудбалери кои знаат да играат од нога до нога, па Манчестер Сити и
против Борнмут имаше голем посед на топката.
Но и покрај тоа,
слично како и на дуелот со Евертон во понеделникот, фаворитот беше на прагот на
ново разочарување и реми од 1-1.
Дениелс со
еврогол во 13. минута донесе голема радост за домаќините, а Жесус изедначи во
21. минута.
Манчестер Сити
потоа се мачеше да стигне до водство и кога се чинеше дека средбата ќе заврши
без победник, Стерлинг на чудесен начин погоди во 97. минута за три бода.
Шутот на
напаѓачот се одби од ногата на еден домашен играч, доби неправилно движење па
Беговиќ немоќно гледаше како неговата мрежа се тресе по втор пат.