Тијаго и Иско му создаваат мака на Лопетеги во дефинирањето на почетниот состав

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува „Мундо Депортиво“, се вели дека селекторот на
Шпанија, Хулен Лопетеги е на тешки маки за да пикира еден од Иско или Тијаго
кој би почнал прв од нив двајца.

Се чини дека
Серхио Бускетс и Андрес Иниеста се сигурни стартери за вечерашната пресметка во
Скопје, но единствено Лопетеги се двоуми помеѓу Иско и Тијаго Алкантара.

Истиот медиум во текот на вчерашниот ден ги објави потенцијалните стартни состави на обете селекции, со назнака дека се поставува прашањето околу Алкантара и Иско, кој од нив двајца ќе биде во почетниот состав.

 

Извор/Фото:
mundodeportivo.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани