Барселона попладнево соопшти дека Тијаго Алкантара ќе биде дел од персоналот на Ханси Флик, Шпанецот ќе ја има улогата на врска помеѓу тимот и тренерот.
На почетокот од овој месец, Тијаго Алкантара соопшти дека става крај на кариерата со само 33 години.
Бразилецот со шпански пасош, потоа најави дека наскоро ќе му се врати на фудбалот, и попладнево пристигна информација дека тој се враќа во Барселона.
Тијаго Алкантара ќе биде дел од тренерскиот персонал на Ханси Флик, тренерот побара човек од доверба, кој одлично го познава клубот а знае и шпански, и германски јазик.
Поранешниот фудбалер од средниот ред ги исполнува сите услови, тој порасна во популарната „Ла Масиа“ и играше во првиот тим на Барселона. Одлично знае и германски откако помина 7 години во Баерн Минхен, каде соработуваше и со Ханси Флик.
Тијаго Алкантара сега ќе ја има улогата на врска помеѓу тимот и тренерот, и ќе дава придонес со свеото искуство и како фудабалер и како навивач на Барселона.