Тијаго Алкантара попладнево соопшти дека оди во пензија, Бразилецот со шпански пасош стави крај на кариерта на 33 години и со 35 освоени трофеи.
Веста која синоќа беше најавена, сега и официјално е потврдена, Тијаго Алкантара на социјалните мрежи соопшти дека става крај на кариерата.
I will always be willing to give back what I have been given and I am grateful for the time I have enjoyed it.
— Thiago Alcantara (@Thiago6) July 8, 2024
Thank you, football. And to all who accompanied me and made me a better player and person along the way.
See you soon,
Thiago. pic.twitter.com/wtMxmF6z9L
Фудбалерот од средниот ред, кој во последно време мака мачеше со повредите, оди во пензија на 33 години и со освоени 35 трофеи.
Бразилецот со шпански пасош може да се пофали со 4 титули во Ла Лига, 2 титули во Купот на Шпанија, 3 титули во Суперкупот на Шпанија, 7 титули во Бундеслигата, 4 титули во Купот на Германија, 3 титули во Суперкупот на Германија, 1 титула во ФА Купот, 1 титула во Лига Купот, 1 титула во Суперкупот на Англија, 2 титули во Лигата на шампиони, 2 титули во Светското клупско натпреварување, 2 титули во Суперкупот на Европа, 1 титула на Европско првенство до 17 години и 2 титули на Европско првенство до 21 година.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.