Тифозите на Милан со критики за Рајола и порака до Донарума

by
3 минути читање

18 годишниот
голман е во преговори со „Росонерите“ за продолжување на соработката, но двете
страни никако да пронајдат заеднички јазик.

Се верува дека
работите ги кочи Мино Рајола, кој бара неколку клаузули во новиот договор на
неговиот клиент.

Па ова е причина
за најверните навивачи на Милан, популарната „Курва Суд“ да испрати соопштение.

„Го пишуваме ова
бидејќи мислиме дека ситацијата што се креираше околу новиот договор на
Донарума е луда

гласи известувањето на тифозите на Милан.

„Зборуваме за
феномен, но млада личност која е во рацете на бескрупулозен агент, и се наоѓа
во ситуација која ги прави фановите малку нервозни
.

„Неверојатно е
како оваа личност може да го стави на чекање Милан, и од 18 годишно момче кое
секоја недела го бакнува грбот, да направи предмет на дискусија
.

„Волјата на
играчот сигурно мора да има големо значење, исто како и волјата на клубот
.

„Целта на овој
платеник е да се вметнат клаузули кои ќе бидат во негова корист
.

„Тоа се случи со
Јувентус и Погба, за тој да може да „лапне“ огромна сума на пари од идна
продажба
.

„Низ Европа многу
клубови решија да им ја затворат вратата на одредени агенти, за жал Милан ја
отвори вратата на одредени индивидуи и сега го гледаме резултатот на ваквата
политика
.

„Од Џиџо бараме
уште еднаш да ја потврди љубовта кон Милан, но со конкретни чекори
.

„Љубовта не се
искажува само со бакнување на грбот на клубот, туку и со големи гестови
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани