Тифозите на Лацио ја погребаа Рома (ФОТО)

by
1 минути читање

Лацио во неделата
со 1-3 славеше над Рома, за прв на еден натпревар од Серија А од 2012 па
наваму.

Со оваа победа,
„Бјанкочелестите“ ја отпишаа „Римската Волчица“ од трката за Скудетото.

Лацио претходно ја елиминираше Рома и од Купот на Италија, па фановите решија
малку да ги „истролаат“ своите ривали.

Навивачи на
„Бјанкочелестите“ го посетиле тренинг центарот на „Џалоросите“ во Тригорија и
ја погребале Рома.

До логото на Рома
нацртале ковчег на кој пишува „РИП“, а на асфалтот се исцртани форми на луѓе,
крст над кој пишува Рома, и биле запалени голем број на свеќи.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани