Тифозите на Фиорентина повторно го „поздравија“ Бернардески (ФОТО)

by
1 минути читање

Навивачите на
Фиорентина се уште не можат да се помират со фактот што Федерико Бернардески
премина во редовите на еден од нивните најголеми ривали, Јувентус.

Во текот на преговорите тие пред стадионот во Фиренца истакнаа транспарент на кого не се штедеа во своите навреди кон Бернардески, па му порачаа што би му направиле доколку го сретнат на улица.

Сега, откако
трансферот е официјализиран, тие извадија нов транспарент на кој напишаа дека Бернардески го поделил градот со неговите лаги.

Го подели градот со твоите лаги, сега можеш да си ги собираш
милионите и да си ги ставаш околу…
“ пишува во нивната најнова порака, повторно изложена пред „Артемио Франки“.

Како почна големото ривалство помеѓу Јувентус и
Фиорентина

Познато е дека Јувентус има фан клубови во цела Италија,
освен во Фиренца, сево ова доаѓа по 1990. година кога Роберто Баџо од
Фиорентина премина во редовите на Јувентус.

Навивачите на тимот од Фиренца по трансферот на Баџо го
запалија фан клубот на Јувентус, истиот беше повторно отворен и уште еднаш
запален.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани