194
Тиери Анри ја одбил понудата да биде тренер на Астон Вила откако бил контактиран од неговиот поранешен клуб, Монако.
Славниот француски фудбалер кариерата ја почна токму во Монако, а сега сака и како самостоен тренер на почне во овој клуб.
Монако го отпушти Леонардо Жардим и наскоро треба да назначи негов наследник, се пишува дека фаворит е токму Анри.
Анри изминатото лето ја напушти работата во Скај Спортс со цел да се фокусира на тренерскиот занает, тој беше дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација, но сега смета дека е време да почне самостојно да работи.